spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Благодарници за Јоана и Кејс Баарс од Холандија за нивните донации...

МНР: Благодарници за Јоана и Кејс Баарс од Холандија за нивните донации во медицинска опрема

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со брачниот пар од Холандија, Јоана и Кејс Баарс кои преку нивната фондација „Воздух за Преспа“, од 1991 година редовно испорачуваат хуманитарна помош во лекови и медицинска опрема за специјализираната болница за превенција и лекување на хронични и респираторни болести во Отешево.

Изразувајќи почит за нивната несебична посветеност и хуманост, Османи симболично им врачи благодарница како признание за нивниот континуиран и хуман ангажман.

„Вашата приказна ме потсети на една од изреките на нашата Мајка Тереза, која велеше дека не сме сите створени да правиме големи работи, но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов. Вашето внимание кон хоспитализираните во болницата за респираторни болести во Отешево, има големо значење за нив, за што сме ви благодарни“ – истакна Османи.

На средбата Баарс раскажаа за нивното искуство, истакнувајќи го задоволство со кое донираат, за прекрасниот прием од жителите на Ресен и пријателската врска со нив, како и љубовта кон природните убавини и култура на Северна Македонија, а особено Преспа.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

АФПЗРР: Јавен повик број 02/2024

0
Од денес па до 31.05.2024 година земјоделските стопанства каде носителот е индивидуален земјоделец кој е регистриран согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, односно...