spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Државниот секретар на регионалната IPBES работилница

МЖСПП: Државниот секретар на регионалната IPBES работилница

Државниот секретар во министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, учествуваше на регионалната работилница со земјите од Западен Балкан, со цел зајакнување на капацитетите за учество во Меѓународната меѓувладина и научна платформа за биолошка разновидност и екосистемски услуги (IPBES).

– Министерството за животна средина и просторно планирање во последните две години оствари напредок и ја зголемиповршината на заштитените подрачја во земјава од 8,9% на 13,9%. Европската Комисија гинотира овиепозитивни трендови во нејзиниот последен Извештај за пристапниот процес кон Европската Унија (2022) – истакна државниот секретар Шукова во своето воведно обраќање.

Тематската проценка на одржливото користење на природните ресурси и дивата флора и фауна, покажува дека милијарди луѓе во сите региони на светот егзистираат и имаат бенефит од користењето на дивата флора и фауна за исхрана, во медицината и во повеќе други области.

– Резултатите од работата на експертите на овие проценки ги сметам за многу значајни и тие може да се користат како показатели на состојбата со биодиверзитетот на светско ниво – рече Шукова, диодавајќи дека МЖСПП во континуитет ја охрабрува и ја поддржува ИПБЕС да профолжи со својата мисија и активности со цел за заштита, зачувување и одржливо управување со биолошката разновидност.

IPBES претставува независно меѓувладино тело основано од државите-членки на ООН, кое овозможува зајакнување на капацитетите на научната сфера и носителите на одлуки за заштита и одржливо користење на биолошката разновидност и развој на концептот за екосистемски услуги, со крајна цел -сочувување и одржливо користење на биодиверзитетот.

Нашата држава е членка на IPBES од март 2022 година.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...