spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Природните катастрофи не можат да се запрат, но преку управување со...

МЖСПП: Природните катастрофи не можат да се запрат, но преку управување со ризикот ранливоста на заедниците може и мора да се намали

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман, постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан и градоначалникот на општина Тетово Билал Касами направија теренска посета на  градежните работи за регулирање на поројот во село Шипковца, општина Тетово, што се реализира во рамки наПрограмата за подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион.

Амбициозната цел на оваа Програма е да поттикне трансформациска промена во управувањето со ризиците од поплави во регионот, забрзувајќи ја промената од чисто реактивни одговори на поплави кон интегрирани системи за управување со опасностите, ранливостите и изложеноста на заедниците и добрата за да се спречат/ублажат загубите и да се олесни влијанието на идни поплави.

– Оваа е исклучително важен проект, пред се во интерес и заштита на населението и обезбедување на одржлив и инклузивен раст со подобрување на отпорноста на заедниците од Полошкиот регион на катастрофи од поплави. Со преземните мерки, произлезени од сеопфатни студии и планови за проценка на ризикот од поплави делуваме превентивно за намалување на опасноста од порои, поплави, свлечишта на кои овој терен е подложен, ја зголемуваме отпорноста и подготвеноста на локалните заедници за справување со елементарните непогоди и природни катастрофи, како онаа од 2015 година која однесе и човечки жртви-изјави министерот Нуредини посочувајќи дека проектот е со висока сензибилност што произлегува одпотребата да се постават технички решенија на локации каде веќе има изградени населби за живеење.Sipkovica1

– Од тука произлегува потребата од силна соработка, трпение, разбирање и стратешки и плански пристап, потреба од широка информираност, инклузивност, внимателно планирање и урбанизација на просторот, информираност за ризични зони на поплавување и особено континуирана вклученост и едукација на населението во текот на целиот процес – порача Нуредини.

Регулацијата на поројот е во должина од 3,6 км, со акцент на делот од поројот кој минува низ селото во должина од 350 метри и се спроведува од април до ноември годинава. Проектот е финансиран од Швајцарската Влада и од буџетски средства, а е имплементиран УНДП.Sipkovica3

-Швајцарската Влада преку Програмата за подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион, поддржува сеопфатен сет на дополнителни мерки за ублажување и мерки за градење на отпорност- изјави амбасадорката Улман нагласувајќи дека оваа Програма има за цел да ги замени стандардните ад-хок одговори на настаните од поплави и традиционалните пристапи за контрола на поплави со интегрирано управување со поплави базирани на ризици.

Постојниот претставник на УНДП Армен Григорјан порача дека треба да управуваме со ризиците, а не само со катастрофите. Локалните власти треба да планираат стратешки и да бидат подготвени брзо да одговорат на кризи за да ги заштитат луѓето и добрата.

-УНДП е тука да помогне во воспоставувањето систем на ефективна координација помеѓу националните и локалните власти што е од критично значење во овој процес.Само интегрираниот пристап на сите девет општини во полошкиот регион на крајот ќе биде подобрување на севкупната отпорност на заедницата на поплави- посочи Григорјан.Sipkovica2

Истакнувајќи дека заложбите на општина Тетово се да создадат најдобри услови за живот за сите граѓани кои живеат и работат во општина градоначалникот на општина Тетово Билал Касами се заблагодари на Швајцарската Влада, на УНДП и на Министерството за животна средина за соработката и поддршката во реализација на вакви европски проекти што за жителите на подрачјата од општината подлежни на поплави и пории значи живот.

Главната порака од Шипковица беше дека иако природните катастрофи влијаат на сите и не можат да се запрат, со паметен развој заснован на управување со ризици нивните ефекти можат да се ублажат, а ранливоста на заедниците да се намали.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте