spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСо изградбата на железничкиот Коридор 8 градиме наша заедничка европска иднина

Со изградбата на железничкиот Коридор 8 градиме наша заедничка европска иднина

Премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и премиерот на Бугарија Галаб Донев заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир, првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски, директорот на железници Хари Локвенец и Анди Аранитаси од ЕБОР денеска присуствуваа и се обратија на настан по повод отпочнувањето на градба на источен дел од железничкиот Коридор 8, секција Куманово – Бељаковце – Крива Паланка.

Премиерот Ковачевски истакна: „Со посветена соработка градиме наша заедничка иднина, обезбедуваме можности за стопанството, бизнис заедницата, вложуваме во функционално, модерно, железничко поврзување на целиот овој регион. Оваа инвестиција на Северна Македонија и отвора нови европски рути за железнички превоз, воспоставува регионално поврзување со пристаништата во Бургас и Варна во Бугарија и Драч во Албанија што е од исклучителна важност за нашата економија но и генерално за соработката на регионот во целина.“

Премиерот на Бугарија Донев рече: „Со големо задоволство ја прифатив поканата на премиерот Ковачевски да присуствувам на церемонијата за одбележување на почетокот на изградбата на маршутата од источниот дел на Коридорот 8, за железничкиот пат кој што без сомневање е важен како и за Бугарија до Северна Македонија така и за Албанија. Истиот без сомневање ќе придонесува и за додадена вредност за развојот на целиот наш регион. Во минатите над 140 години се реализираше инфраструктурата која што беше потребна за денешниот Коридор број 8, тој беше желба на многу генерации од двете страни на границата.“

Првиот вицепремиер Артан Груби рече: „Коридорот 8, патниот и железничкиот сообраќај се најголемите инфраструктурни инвестиции од постоењето на нашата држава, тие се важна економска артерија, стратешки цели од кои нема враќање назад, тие се идната перспектива за развој на државата и конкретизирање на стратегијата за подобар квалитет на животот.

Многу брзо ќе направиме уште еден голем чекор заедно со почетокот на изградбата на автопатот, Коридор 8.

Годината што е пред нас ќе биде исполнета со инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот на луѓето и ќе придонесат за развој на економијата на нашата земја.

Ќе има работа за сите и ќе биде подобро за сите!“

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски рече: „Денеска ја испишуваме новата историја на железницата во Северна Македонија. Со почеток на изградба на овој дел од Коридор 8 започнуваме нова ера во железничкиот систем во државата.

Нашата визија за европска Македонија не е повеќе желба и идеја. Овој проект, оваа железничка пруга е дел од европската перспектива, развојот и просперитетот на Република Северна Македонија.

Успехот е заеднички, драго ми што оваа Влада, сите ние покажавме упорност, покажавме одлучност и ја започнуваме најголемата инвестиција во железницата од независноста на Северна Македонија.

Изградбата на оваа железничка пруга од Куманово до Крива Паланка и во следна фаза до границата со Република Бугарија, инвестиција од преку 600 милиони евра е сериозен чекор во развојот на регионалната железничка мрежа.“

Директорот на Железница на Република Северна Македонија „Инфраструктура“, Хари Локвенец истакна: „Сакам да изразам огромна благодарност што со своето присуство го покажавте вистинското значење на овој настан кој сам посебен носи прогрес. Но во исто време и голема одговорност, и покрај тоа што сите ние се соочуваме со период на неизвесност како резултат на различните кризи во последните неколку години, не се повлекуваме од големата европска визија за иднината, дефинирана со европската зелена агенда. Нула штетни мисии на гасови до 2050 година, ова е целта која мораме да ја постигнеме за идните генерации да живеат во еколошки одржлива средина“.

Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ Дејвид Гир во Република Северна Македонија додаде: „ЕУ е горда што го поддржува ова вистински стратешка иницијатива, иницијатива што ќе помогне да се промовира регионална трговија, да се намалат времињата на патување и да се поттикне одржлив економски раст што ќе донесе голема корист за локалните граѓани и за претпријатијата на регионот, и тоа практично ќе се помогнат нашите напори за добрососедски односи. Минатата година прославивме европска година на железницата, јасно е дека железницата се враќа на сцена, таа е повторно иднината и тоа одржлива, зелена и попросперитетна иднина. Драго ми е што сме тука денеска да ги преземеме првите практично чекори за изградба на таа иднина заедно“.

Анди Аранитаси од ЕБОР истакна: „Драго ми е што можам да ја преставувам ЕБОР денеска на долго очекуваното започнување на втората фаза и завршувањето на првата фаза на работите од Коридорот 8 кон Бугарија. Чест ни е како ЕБОР да работиме на овој многу важен стратешки проект заедно со Владата со железницата со Министерство за транспорт и со нашите партнери од ЕУ“.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Ученици од ООУ „Гоце Делчев“ на прием кај градоначалникот ...

0
Во рамки на воспитно-образовната програма во ООУ„Гоце Делчев“, ученици од четврто одделение беа во посета на градоначалникот, Александар Георгиевски и локалната самоуправа. Градоначалникот Александар  Георгиевски...