spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Со преговарачката рамка реформите добиваат позабрзана динамика

МФ: Со преговарачката рамка реформите добиваат позабрзана динамика

РС Македонија не отстапува од реформите што водат кон целосна интеграција во ЕУ, а кои сега добиваат позабрзана динамика со отворање на преговарачкиот процес. Со ЕК заедно се утврдуваат приоритетите во Програмата на економски реформи.

Реформите што се утврдени како приоритети во Програмата на економски реформи 2022-2024 денеска беа тема на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони во Брисел.

Клучните области што се идентификувани во Програмата се однесуваат на подобрување на квалитетот на образовниот систем, конкурентноста на домашните компании и нивно вклучување во глобалните вредносни синџири, формализација на неформалната економија и зелена транзиција. Идентификуваните области во ПЕР се совпаѓаат со оние нотирани и во Извештајот на ЕК, а целта е обезбедување инклузивен и одржлив економски раст на среден рок.

Програмата за економски реформи содржи макроекономски и фискални политики и индикатори, структурни реформи и мерки за подобрување на конкурентноста на земјата и намалување на невработеноста. Се подготвува секоја година и со неа се врши претпристапно усогласување на економските политики со ЕУ.

Mинистерот посочи дека и покрај сите предизвици, 2022 година ќе биде запаметена и како година на постигнување уште една пресвртница во нашиот процес на пристапување во ЕУ. Со усвојувањето на Преговарачката рамка, одржувањето на првата Меѓувладина конференција и започнувањето на скринингот се отвора патот за следните фази од процесот. Во тој процес Министерството за финансии е водечка институција за 8 поглавја и е вклучена во 4 од вкупно 6 кластери.

 

На средбата стана збор и за влијанието на енергетската и ценовната криза врз домашната економија и мерките што ги презема земјава за заштита на стандардот на населението и на економијата.

Притоа министерот Бесими потенцира дека за спроведување на тие политики значајна е и поддршката од ЕУ преку МФА на ЕК, инструмент за макрофинансиска поддршка за мерките за справување со екстерни шокови, a која земјава ја користеше и за време на ковид-кризата.

Од страна на еврокомесарот Паоло Џентилони беше искажана поддршка и заложба за продолжување на активностите во насока на одобрување на инструментот МФА, како резултат на успешните политики што ги води Владата на РС Македонија.

 

 

 

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте