spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВо услови на голема светска енергетска криза никој нема да биде оставен...

Во услови на голема светска енергетска криза никој нема да биде оставен сам, го обезбедивме најголемиот антикризен пакет во регионот

Во однос на економијата и светската енергетска криза, премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за „BBC“ рече дека Северна Македонија е либерална економија и слободни сме во нашите надворешни односи. Ковачевски подвлече дека имаме инвеститори од европските земји, Кина, канадски компании, а најголемиот инфраструктурен проект што ќе го имаме е изградбата на Коридорот 8 кон Албанија и коридорот 10Д, автопат меѓу два големи македонски града, Битола и Прилеп, кои ќе бидат изградени од американскиот „Бехтел“ во конзорциум со турската компанија „Енка“.

Во однос на енергетската криза, дополни дека секој човек во криза, а оваа зима ќе биде најлоша по Втората светска војна, во вакви околности прво размислува за себе и за своето семејство.

„Кога сте премиер, мора прво да размислувате за сите граѓани, а на крај за себе. Јавно кажав дека никој во оваа земја нема зимава да биде оставен сам и никој нема да мора да бира меѓу греење и храна. Затоа, преку Светска банка, го обезбедивме најголемиот финансиски антикризен пакет, меѓу сите земји во регионот, којшто ќе биде наменет за најранливите категории на граѓани во земјата и за одржување на ликвидноста на компаниите. Дополнително, донесовме одлуки, започнувајќи од април годинава и тие ќе продолжат до крајот на годинава и ако ситуацијата е иста, и следната година ќе ја субвенционираме цената на електричната енергија за сите граѓани. Сите граѓани во државата добиваат петпати помала сметка за електрична енергија што би ја плаќале без субвенциите од Владата, а компаниите, на регулираниот пазар, 72.000 компании што вработуваат 98% од работниците во земјата, исто така, добиваат субвенционирана цена на електричната енергија. Ги намаливме буџетските ставки што не се неопходни во време на криза и ги пренаменивме овие средства за борба со кризата и за помош на најранливите, оние со најниски пензии, добиваат дополнителна помош, најранливите, 41.000 жители на државата, месечно добиваат средства. Ја зголемивме минималната плата, ги зголемивме пензиите за 10% во државата и сето ова е насочено кон граѓаните на државата, бидејќи никој не смее да биде оставен сам“, изјави Ковачевски во интервјуто за BBC.

Премиерот Ковачевски дополни дека од јануари следната година, ЕУ ќе обезбеди 80 милиони евра буџетска поддршка за соочување со енергетската криза. За Западен Балкан, ЕУ ќе обезбеди половина милијарда евра за енергетска транзиција, а тоа значи нови електрани, нова инфраструктура за снабдување со гас преку пристаништата во земјите.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...