spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Започна реконструкцијата на патниот железнички премин Илинден

Илинден: Започна реконструкцијата на патниот железнички премин Илинден

Во соработка со ЈП „Македонски железници и инфраструктура“, започна реконструкцијата на фреквентниот железнички патен премин Илинден, со што  продолжува модернизацијата на локалната патна мрежа.

Реконструкцијата на железничкиот патен  премин Илинден се врши  со нова модерна подлога од рециклирани гумени елементи според највисоки стандарди, тоа ќе се овозможи брзо и лесно поминување преку железничката пруга, а ќе се намали и амортизацијата на автомобилите.

Увид во градежните активности во овој значен патен правец направи градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски, кој истакна дека од стратешко значење за општината  е реконструкцијата на патните премини, со тоа ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а граѓаните добиваат квалитетна патна инфраструктура.

Реконструкцијата на железничкиот патен премин Илинден се предвидува да биде завршен до крајот на неделата. Општина Илинден веќе ги реконструираше железничките патни премини во Дељадровци и Миладиновци.

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

Кисела Вода – Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со хрватската амбасадорка Нивес...

0
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка н.е. Нивес Тигањ, која повторно ја посети општината во рамки на...