spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Уметниците за Карпош

Карпош: Уметниците за Карпош

Во пресрет на одбележување на 46. роденден на Општина Карпош (3. ноември), вечерва во кафулето Концепт 37 се одржа изложба на уметнички дела на слободна тема, во чии рамки учествуваа 11 реномирани автори кои се жители на локалната самоуправа.

Имено, амбиентот на арт – кафулето дополнително го облагородија импресивните творби на Лидија Пачемска Џонс, Вернон Џонс, Сара Поповска, Симонида Филипова Китановска, Маја Димитрова Келебиќ, Калина Брајковска, Тони Шулајковски, Максим Димитров, Касиопеја Наумоска, Росица Лазеска и Милан Андов.

Љубителите на уметноста кои не присуствуваа на премиерното отворање на оваа манифестација, ќе имаат можност да им се восхитуваат на прекрасните дела кои ќе бидат достапни за јавноста до идниот понеделник. Во оваа пригода, претставничката од Секторот за поддршка на градоначалникот  ги поздрави присутните гости на изложбата, при што на авторите им врачи благодарници за учество.

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...