spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Повик за изработка на публикација за кариерно советување

НАЕОП: Повик за изработка на публикација за кариерно советување

Еврогајденс центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, согласно Решение бр 18-1254/1 од 27.10.2022 објавува

Повик за изработка за публикација за кариерно советување

Темата на публикацијата е „Кариерно советување/насочување во Република Северна Македонија“.

За таа цел НАЕОПМ има за цел да ангажира тројца експерти:
– Еден експерт по кариерно советување/насочување во сферата на основното образование
– Еден експерт по кариерно советување/насочување во сферата на средното образование
(со акцент на средно стручно и дуално образование)
– Еден експерт по кариерно советување/насочување во сферата на високото образование

Содржинските теми за кои ќе бидат ангажирани експертите се:
– Основи на кариерното советување и насочување во полето
– Техники и алатки на кариерно советување и насочување
– Кариерното советување и насочување на деца и лица со попреченост
– Извршено истражување со статистички податоци
– Добри и лоши страни на кариерното советување и насочување
– Заклучоци и препораки

Еден експерт треба да ги опфати овие теми со минимум 40, а максимум 50 страници (А4 формат, фонт Arial, големина 12).

Текстот треба да биде напишан на македонски и на англиски јазик.

Критериуми за аплицирање: 
– Минимум тригодишно искуство во сферата на кариерното советување и насочување (приложени сертификати од обуки ќе се сметаат за предност)
– Напредно познавање на англиски јазик

За оваа активност, Еврогајденс центарот има предвидено финален буџет од 2000.00 евра

Начин на аплицирање:
Споделете го Вашиот Европас профил или Европас кратка биографија, најдоцна до 15.11.2022, на euroguidance@na.org.mk со наслов на е-поштата: Апликација за експерт/ка за Еврогајденс публикација.

 

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...