spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКоординативен состанок со претставници од граѓанскиот сектор

Координативен состанок со претставници од граѓанскиот сектор

Во насока на продолжување на активностите за постигнување на поголема општествена инклузивност во процесот на преговори за членство на Северна Македонија во Европската Унија, денеска се одржа средба на заменик главниот преговарач на Северна Македонија со ЕУ и државна секретарка, г-ѓа Дрита Абиу-Халили, заедно со хрватскиот експерт за евроинтеграции ангажиран преку Нордиската поддршка, г. Владимир Дробњак со претставници на граѓанските организации кои работат во областите опфатени во поглавјата на ЕУ.

– Учеството на граѓанскиот сектор во процесот на интеграција на земјата во ЕУ е исклучително важно, особено во областа на потребната експертиза во различни поглавја и области. Вистинското партнерство и комуникација помеѓу Владата и сите општествени чинители е клучно за постигнување на целите за членство на нашата земја во Европската Унија, истакна Абдиу- Халили.

Во однос на модалитетот или формата на вклучување на граѓанскиот сектор во процесот за членство на земјата во ЕУ, таа рече дека ќе се одлучува заеднички, секогаш имајќи го предвид општиот интерес и изградбата на функционална структура која ќе придонесе за ефикасноста на процесот.

– Треба да се подготвиме како за учество, така и за поголемо искористување и апсорпција на фондовите на ЕУ. Ова е особено важно за да се постигне зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за искористување на фондовите на ЕУ посветени на граѓанското општество, а особено од аспект на подобрување на партнерството и соработката меѓу државата и граѓанскиот сектор во оваа област, посочи заменик главниот преговарач на Северна Македонија со ЕУ, Абдиу-Халили.

Соработката на Секретаријатот за европски прашања и граѓанскиот сектор ќе продолжи и понатаму во текот на процесот на преговори. Настанот беше реализиран со поддршка од Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија преку УНОПС.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...