МТСП: Ги документиравме моментите на развивање на најголемата социјална реформа и успеавме да оставиме уметничко наследство

МинистерстваМТСП: Ги документиравме моментите на развивање на најголемата социјална реформа и успеавме...

Најчитано

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска  вчера вечер заедно со Амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Н.Е Дејвид Гир присуствуваа на премиерата на документарниот филм „Беласица“ којшто се одржа во Кинотека на Република Северна Македонија. Филмот е во режија на Марија Апчевска, а во продукцијата беа вклучени кинематограферите Ѓорѓи Клинчаров и Фејми Даут, монтажерот Горан Вукич и дизајнерот на звук Игор Поповски.

Во преполната кино сала, премиерата ја отворија Министарката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и Н.Е. Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во РСМ.

„ За мене, за нас деинституционализацијата никогаш не значеше само проект и не е само една политика ова е емпатија, ова е грижа, ова е доказ дека сите ние сме исти. Верувам дека емоцијата која што го обојува   овој филм ќе биде потврда за се ова што го кажувам.

Патот од ден до ден кај сите нас е ист!  Кога ги овозможивме и истите услови и можности докажавме дека достоинството и правата на сите наши граѓани се на прво место. “ рече Тренчевска.

Министерката посочи дека и претставува гордост тоа што реформата се документираше преку филмот „Беласица“ и дека се документирани моментите на развивање на најголемата социјална реформа во државата.

Во своето обраќање Амбасадорот, Дејвид Гир посочи дека документарецот „Беласица“ е продуциран преку проект кој што го финансира Европската Унија и ја поддржува модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните сервиси.

„Во изминатите три години, проектот им помагаше на релевантните институции да ги адресираат потребите на лицата со попреченост и да ја подигнат јавната свест за тие потреби“ рече Гир.

Тој додаде дека екипата која што стои позади овој филм сведочи на тоа дека единствено нешто што е важно за лицата со попреченост е тоа тие да бидат третирани подеднакво.

Документарниот филм Беласица ги доловува придобивките на деинституционализацијата и ја открива моќта на заедницата да обезбеди сите да имаат еднакво право на едноставните работи кои нудат шанса за среќа. Филмот е продуциран во рамките на проектот “Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“, кој го реализира Ептиса во соработка со КАРЕ, со финансиска поддршка од Европската Унија, во корист на Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе