spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Меморандум за соработка со УЈИЕ

МИОА: Меморандум за соработка со УЈИЕ

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) Абдилменаф Беџети вчера потпишаа Меморандум за соработка.
На настанот присуствуваа и двајцата проректори Беса Арифи и Адријан Бесими.
Министерот Алити меѓу другото рече дека преку овој Меморандум се предвидува зајакнување на интеракцијата помеѓу академскиот кадар на УЈИЕ и вработените во МИОА, во насока на зголемување на ефикасноста на јавната администрација, преку различни истражувачки и аналитички услуги.
,,Денеска веќе се договоривме дека ќе ја преземеме првата активност во областа на сајбер безбедноста, за што се обврзавме дека ќе дадеме заеднички придонес. Со желба овој Меморандум да ги донесе очекуваните придобивки, истакнав дека ваквите соработки се од суштинско значење за остварување на стратешките цели на државата“, додаде министерот Алити.

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...