Заменик министерот за правда Агим Нухиу во Тирана оствари билатерална средба со Еврокомесарот за правда Дедие Рејндерс на маргините на Министерскиот форум помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан за правда и за внатрешни работи кој се одржа на 3 и 4 ноември.
На средбата се разговараше за евроинтеграциите, реформите во судството и владеењето на правото. Еврокомесарот Рејндерс ја посочи поддршката која Европската комисија и ја дава на нашата држава на патот на интеграција кон ЕУ.
Извор: Министерство за правда