spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Собранието ги донесе законите за судска,за јавнообвинителската дејност и за извршување...

МП: Собранието ги донесе законите за судска,за јавнообвинителската дејност и за извршување на санкции со кои се зголемуваат платите на вработените

Собранието на вчерашната седница ги донесе законите за судска,за јавнообвинителската дејност и за извршување на санкции со кои се зголемуваат платите на вработените.

Со Законите за изменување на законот за судска служба и  за јавнообивинителска служба вработените ќе имаат повисока плата за 15%. Со Законот за изменување на Законот за судска служба се постигнува еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел.
Законот за изменување на законот за јавнообвинителска служба има за цел воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на јавно обвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во јавно обвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво.
Законот за изменување на законот за извршување на санкции овозможува да се постигне еднаквост во најниските примања на затворската полиција преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата.

Прочитајте