spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Заменик министерот за правда Нухиу присуствуваше на Министерскиот форум ЕУ...

МП: Заменик министерот за правда Нухиу присуствуваше на Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан во Тирана

Заменик министерот за правда Агим Нухиу присуствуваше на Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан за внатрешни работи и за правда кој се одржа во Тирана.

Во своето обраќање Нухиу се осврна на владеењето на правото како една од основните вредности на кои се темели  Европската Унија и посветеноста на Министерството за правда за реформите во правосудниот систем.

„Воведувањето и зајакнувањето на мерливи критериуми за избор и унапредување за судиите и јавните обвинители, односно за членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители дадоа резултати во насока на зајакнување на квалитетот во судовите и јавните обвинителства. Дополнително, донесените нови законски и подзаконски акти овозможија реално оценување и евалуација на работата на судиите, преку оценување на сложеноста на предметите по кои постапувале и други параметри, со што квалитот беше подигнат на повисоко ниво во однос на квантитетот“, рече Нухиу.
Нухиу се осврна и на  Стратегијата за реформа на правосудниот сектор за 2017-2022 година со Акциски план 2017-2022 како и на  Предлог -законот за Академијата за судии и јавни обвинители кој се наоѓа во собраниска процедура. Значајна е и улогата на Советот за ИКТ во правосудството и процесот на дигитализација кој за време на ковид-19 кризата се покажа како неопходност доколку сакаме непречено спроведување на правото и постапките во разумен рок.
„Во оваа пригода би сакал да ги потенцирам активностите за  изготвување на новиот Кривичен законик. За ова имаме широка поддршка од меѓународните организации, а посебно од ОБСЕ. Клучните прашања кои се разгледуваат во рамките на новиот Кривичен законик се поврзани со имплементацијата на најновите меѓународни стандарди во оваа област и тоа посебно во областите на тероризмот, финансиските измами и имплементацијата на стандардите содржани во Истанбулската конвенција“, посочи Нухиу на Министерскиот форум во Тирана.На маргините на форумот, заменик министерот за правда Агим Нухиу оствари билатерална средба со Комесарот за судство и борба против корупција, Дидие Рејндерс.

Прочитајте

МТ: Николовски – Нема да дозволиме ПОШТА да колабира поради приватни...

0
Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна вицепремиерот Николоски во поткастот...