spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Соработката со УСАИД продолжува и понатаму, во реализирање на заедничката визија...

МТСП: Соработката со УСАИД продолжува и понатаму, во реализирање на заедничката визија за просперитетно, демократско и инклузивно општество

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со Џери Дајбл, претставничката на Канцеларијата на УСАИД во нашата држава која неодамна стапи на оваа функција и дел од нејзиниот тим.

 

На средбата се разговараше за областите на идна соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Канцеларијата на УСААИД во земјава, како продолжување на заедничката визија која се надоврзува на 30-годишното партнерство.

Економскиот раст, вработувањето, младите, инклузијата на ромите во општеството, социјалното претприемништво, волонтерството, можностите за регулирање на фриленсерите, намалување на корупцијата, беа во фокусот на денешната средба.

Министерката Тренчевска информираше дека младите и економскиот раст е приоритет на Владата, кој ќе ја одбележи 2023 година. Притоа, зборуваше и за системот за социјална заштита кој ги апсорбира  материјално необезбедените граѓани, со што тие се стекнуваат со  одредени социјални права и услуги.

„Целта на реформата не е да ги оставиме во системот на социјална заштита и направиме пасивни, а со тоа и ја развиваме сивата економија. Целта на  реформите од 2019 година се активација на примателите на Гарантирана минимална помош на пазарот на труд. Затоа преку изработка на индивидуални планови за примателите на ГМП од страна на Центрите за социјална работа и Агенцијата за вработување, преку обуки, доквалификации, преквалификации се активира највработливиот член во семејството, а со тоа се придонесува кон вадење на семејството од ризик, од сиромаштија. Тоа е решение на долг рок,“ рече Тренчевска.

Соговорниците разговараа и за фриленсерите и можноста за регулирање на нивната работа. На што министерката информираше дека се работи на решение, по примерот на соседна Р.Србија, за поедноставување на процесот на пријава и одјава во овие професии кои не се регулирани досега. А како пример беа земени, лицата кои работат во ИТ, куќните помошници, бебистерите, земјоделците, негователите и други.

Во врска со инклузијата на ромите во нашата држава, министерката информираше дека, 40% од примателите на Гарантирана минимална помош се роми, како и дека заедно со граѓанските организации, кои работат во оваа област интезивно се работи на програми и мерки со кои се унапредува нивниот статус и положба во општеството. Министерката информираше и за овозможувањето на бесплатен престој во детските градинки на децата роми, со цел нивно поголемо вклучување во предучилишното воспитание и образование.

 

Соговорничките изразија уверување за продолжување на досегашната добро воспоставена соработка и работа на реализација на заедничката визија за просперитетно, демократско и инклузивно општество.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте