spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Домаќин на експертска мисија за африканската чума кај свињите

АХВ: Домаќин на експертска мисија за африканската чума кај свињите

Во периодот од 2 до 4 ноември 2022 година се спроведе експертска мисија во рамки на Глобалната рамка за прогресивна контрола на прекугранични болести кај животните. Фокус на експертската мисија беше Африканската чума кај свињите, а мисијата беше организирана со цел да се спроведат посети на терен во неколку земји, со цел собирање податоци врз основа на кои ќе може да се формулираат препораките за управување со болеста.

 

2

Домаќин на експертската мисија беше Агенцијата за храна и ветеринарство со која  на 2 ноември се одржа почетен состанок, а потоа мисијата продолжи со работа на терен.

На 4 ноември во просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство се одржа завршен состанок на кој беа презентирани наодите од спроведените посети на терен, а се дадоа  и предлог мерки за контрола и искоренување на Африканската чума кај свињите кај нас, во согласност со меѓународните стандарди и препораки на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH).

 

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...