spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeЈавен секторГрадски паркинг Скопје: Лицата со попреченост можат да поднесат барање за...

Градски паркинг Скопје: Лицата со попреченост можат да поднесат барање за користење на повластени Паркинг услуги

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, ја известува јавноста дека на ден 1.11.2022 година (вторник), започнува со процедурата на прибирање барања од страна на лица со попреченост за користење на повластени паркинг услуги за календарската 2023 година.

За таа цел, ги повикуваме сите заинтересирани лица со попреченост, кои се жители на Град Скопје, во периодот од 1.11.2022 – 1.12.2022 година, до ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, да достават уредно пополнето Барање, или истото да го пополнат на лице место во канцелариите на претпријатието – на ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 15 А и во прилог да ги достават следните документи:

• Копија од важечка  сообраќајна дозвола со која се утврдува дека возилото е регистрирано;

• Лична карта на увид од лицето со посебни потреби;• Инвалидска книшка на увид;

• Потврда од матичен лекар со точно наведена дијагноза  во оригинал, не постара од 1 (еден) месец;

• ПИОМ Решение за степен на телесно оштетување на увид;

• Лекарски наод од специјалист на увид.

Доколку лицето кое е заинтересирано за поднесување на барањето не е во можност лично да ги поднесе документите, тоа може да го стори негов роднина, или близок, со потпис од корисникот на самото Барање и комплетна документација која се бара.

Воедно ги информираме заинтересираните, дека согласно Програмата за повластено користење на паркинг услуга на јавните паркиралишта и површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје од страна на лица со попреченост за 2023 година, право за повластено користење имаат лицата со попреченост на кои им е дијагностицирано:

Дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална  парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплегија, детска парализа, (полиомилитис), како и слепи лица со оштетување на видот над 90%, лица на дијализа и лица со ампутација на рака, или нога со признато телесно оштетување од 80% утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот за пензиското  и инвалидското осигурување на Македонија.

Потребната документација треба да се достави во канцелариите на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, на ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 15 А (во зградата до катна гаража „Беко“), во периодот од 1 ноември 2022 до 1 декември 2022 година.

 

 

Извор: ЈП Градски паркинг – Скопје

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...