Со новиот булеварски мост на Реката Водочица обезбедуваме подобро поврзување на градот

ВладаСо новиот булеварски мост на Реката Водочица обезбедуваме подобро поврзување на градот

Најчитано

Премиерот Ковачевски и градоначалникот Костадинов денес во Струмица присуствуваа на настан по повод започнатата изградба на булеварски мост на Реката Водочица.

Станува збор за еден од поголемите капитални проекти кој ќе се реализира во урбаниот дел од Струмица. Изградбата на овој мост е од големо значење за Општина Струмица, бидејќи истиот е предуслов за изградба на булеварот „Братство Единство’’.

Исто така со реализацијата на овие два проекти, ќе се овозможат услови за отпочнување на реализација на проектот – нов пазар во овој дел од градот, за кој што во моментот Општина Струмица е во постапка на изработка на проект и комплетирање на целокупна проектно техничка документација.

Мостот е со должина од 15 метри и ширина од 23 метри, односно булеварско решение со две посебни коловозни сообраќајни ленти од по 7,5 метри, тротоари од двете страни по 3 метри и среден слободен простор помеѓу двете коловозни ленти.

Реализацијата на овој капитален проект е со вредност од 29, 5 милиони денари со вклучено ДДВ и целосно е финансирана од општински средства.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе