spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаИ во текот на преговорите со ЕУ остануваме поддршка едни на други...

И во текот на преговорите со ЕУ остануваме поддршка едни на други преку соработка и размена на искуства и знаење

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, во рамки на престојот во Брисел, оствари средба со неговата колешка од Република Албанија, главната преговарачка со ЕУ, Мајлинда Дука.

Главните преговарачи на двете земји со Унијата кратката средба ја искористија да разговараат и да разменат искуства за текот на скрининг процесот и првите билатерални состаноци, кои Албанија ги започна оваа недела.

Важно е меѓусебно да ги споделуваме знаењата и искуствата поминувајќи ја рутата на европскиот пат. Го продолжуваме одделно билатералниот скрининг, но заедно и сигурно чекориме кон целта: Северна Македонија и Албанија полноправни членки на ЕУ, рече на средбата Маричиќ.

Соговорниците потврдија дека владите на двете држави најголемо внимание и фокус ставаат на пристапните преговори и успешно завршување на скрининг процесот, на спроведувањето на реформската агенда и на добрата подготовка на преговарачките Работни групи, кои ја презентираат усогласеноста и подготвеноста пред Европската комисија за секое поглавје, одделно.

Маричиќ и Дука посочија дека нема да е воопшто лесен процесот и дека и двете држави ги очекува долг пат на промени и усогласувања, поради што и двајцата ја истакнаа потребата од внатрешна општествена обединетост и соработка за заедничко надминување на предизвиците, бидејќи на крајот, придобивките и обврските од членството ќе ги засегаат сите делови на општеството.

Пред малку во Брисел заврши билатералниот скрининг состанок за Поглавје 5, „Јавни набавки“, на кој беа презентирани постоечките капацитети за ефективно спроведување на регулативите во овие области и плановите за натамошно усогласување со правното законодавство и стандардите на ЕУ.

Претставниците на Европската Комисија го изразија своето задоволство од квалитетот на подготвените материјали и од презентациите на членовите на работната група за 5-то поглавје. Тие оценија дека македонската регулатива во оваа област е во голема мера усогласена со европската и дека во ИТ делот на јавните набавки сме пример за сите држави членки на Унијата.

Со завршувањето на овој состанок, заврши фазата на аналитички преглед на усогласеноста за Поглавје 5, по што Европската комисија ќе подготви скрининг извештај, кој ќе биде основа за натамошниот тек на преговорите во областа на јавните набавки.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Македонски Брод: Реконструкција на улицата “Васко Карангелески” и “Илинденска”

0
Активностите за реконструкција на улица “Васко Карангелески” и улица “Илинденска”, кои се наоѓаат во централното подрачје на градот, се во завршна фаза.     ...