spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Установата ги задоволува сите европски стандарди за сместување и работа со...

МП: Установата ги задоволува сите европски стандарди за сместување и работа со деца кои биле во судир со законот

Министерот за правда Никола Тупанчески заедно со регионалната директорка за Европа и Централна Азија на канцеларијата на УНИЦЕФ, Афшан Кан беа во посета на Воспитно поправниот дом во Волковија.

Целта на посетата беше запознавање со активностите во однос на унапредувањето на правдата за децата. Беше направена обиколка на просториите на ВПД а малолетниците ги презентираа идеите и механизмите на кои работеле во изминатиов период. ВПД во Волковија е релативно нов комплекс со површина од 16 000 м2, ограден со жичена ограда, шеталишта, спортско игралиште за кошарка, мал фудбал и ракомет.

Во него се сместени 18 деца. Со подобрените услови се очекува значително да се зголеми грижата, ресоцијализацијата и рехабилитацијата на децата штитеници. Установата ги задоволува сите европски стандарди за сместување и работа со деца кои биле во судир со законот.

Оваа посета е од исклучителна важност бидејќи е прва посета на регионалната директорка Афшан Кан и е од големо значење за програмата за правда за деца.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...