spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Премиерот Ковачевски во посета на социјалната зграда во Гевгелија

МТВ: Премиерот Ковачевски во посета на социјалната зграда во Гевгелија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со заменик-претседателот на Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски ја посети социјалната зграда во Гевгелија каде ќе бидат згрижени најранливите категории на граѓани.

Во оваа зграда ќе бидат сместени над двесте граѓани на кои станбеното прашање не им е решено. За развој на општеството, Владата се залага да обезбеди социјална сигурност на граѓаните, затоа во изминатите четири години изградени се или во фаза на изградба се вкупно 853 социјални станови.

Конкретно во оваа зграда има 52 станови од кои четири станови се на приземје за лица кои живеат со телесен инвалидитет.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...