МП: Најголемата судница во државата ќе биде пуштена во употреба до крајот на ноември

ИнтервјуаМП: Најголемата судница во државата ќе биде пуштена во употреба до крајот...

Најчитано

Најголемата судница во државата ќе биде пуштена во употреба до крајот на ноември, соопшти министерот за правда во интервјуто за 360 степени на ТВ Алсат.Во неа ќе им се суди на притворени како и на осудени лица за тешки кривични дела против кои се водат и други кривични постапки, а чиј транспорт до судовите е безбедносно ризичен. Судницата е лоцирана во Идризово.
„Постоеја бирократски пречки кои го отежнуваа досегашното  пуштање во употребата на судницата.Во завршна фаза е подготовката на овој проект. Јас ќе се обидам до крајот на ноември да се пушти во употреба судницата.Со ова, на годишно ниво ќе се заштеди  од 1,5 до 2 милиони евра“, рече Тупанчески.
Министерот Тупанчески се осврна и на состојбата во затворите и преземањето мерки за подобрувањето на условите за издржување на затворските казни.
„Проблемите таму се таложени системски. Управата за извршување на санкции има целосна автономија во постапувањето. Директорот  на Управата  презема активности за подобрување на состојбата во затворите, но не може преку ноќ да се среди се. Пренатрупаноста на затворите секогаш било проблем.Со неколку потези сериозно покажуваме дека сме подготвени да ја промениме состојбата во оваа област“ вели Тупанчески.

 

 

Извор: Министерство за правда

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе