Министерот за правда Никола Тупанчески во интервју за 360 степени коментирајќи го изборот на Ислам Абази за шеф на ОЈО ГОКК рече дека лично не го познава а обвинителите се тие кои одлучиле за изборот.
„За краток временски интервал ќе се знае дали е избран вистинскиот човек. Гласаа 163 обвинители. Изборот го направија тие. Се работи за сериозна функција каде се постапува по комплексни теми. Какви ќе бидат резултатите и довербата за тој јавен обвинител ќе покаже времето. Во секоја професија има луѓе кои заслужуваат истата да ја извршуваат или не.На секој треба да му дадеме шанса“, потенцира Тупанчески.
Тој смета дека во иднина би било добро да има измени во однос на построги правила и критериуми за избор на прв човек на ова обвинителство.Главниот проблем според Тупанчески не е квалитетот на законите туку капацитетот на институциите, интегритетот и начинот на правораздавање.
Извор: Министерство за правда