Општина Илинден продолжува со реконструкција на улиците и патната инфраструктура во населените места, се поставува нов тротоар на улица „2” во населба Илинден.
Во должина од речиси 100 метри, отпочна изградбата на новиот тротоар на улица „2”, а градежните активности се дел од програмата за работа во Општина Илинден.
Увид во градежните работи направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека локалната самоуправа продолжува со несмален интензитет на градежни активности и вложувања во инфраструктурата и безбедноста за сите учесници во сообраќајот.
Извор: Општина Илинден