spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири - Студентите се авангарда на позитивните промени, затоа ги поддржуваме...

МОН: Шаќири – Студентите се авангарда на позитивните промени, затоа ги поддржуваме и вложуваме во нивното образование

Во идните академски граѓани гледаме двигатели на општеството и авангарда на промените кои треба да се случат за да можеме да одиме напред и да се интегрираме во европското семејство и воопшто во развиениот свет. И затоа ги поддржуваме, вложуваме во нив сега, создавајќи им услови и можности за што подобра едукација, за да можеме понатаму да очекуваме фидбек.

Ова денеска го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на настан во организација на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ во Скопје, а по повод Меѓународниот ден на студентите – 17ти ноември.

Упатувајќи честитка до младите кои одлучиле академски да се образуваат и посакувајќи им успех во остварувањето на образовните и на животните цели, Шаќири рече дека за оваа Влада унапредувањето на студентскиот стандард е еден од врвните приоритети.

„Плански и со вклученост на засегнатите, на младите и студентите, воведуваме системски решенија, мерки и активности, создавајќи постојано нови образовни можности, подобрени услови за настава и нови облици на финансиска поддршка“, рече Шаќири.

Тој истакна дека токму оваа владина гарнитура воведе неколку нови видови на стипендии кои во минатото не постоеја и тој тренд ќе продолжи и годинава. Дополнително, додаде дека износите на сите видови постојни стипендии од лани драстично се зголемени, некои дури и за над 80%.

„Ова е добра прилика уште еднаш да информирам дека во новиот конкурс за доделување на студентски стипендии кој очекувам да биде објавен следната недела, предвидени се и стипендии за студенти кои се запишани на студиски програми од областа на земјоделството, ветеринарството и шумарството. Тие ќе бидат 30 на број, во износ од 18.000 денари на месечно ниво и ќе се доделуваат за 9 месеци во годината“, рече Шаќири потенцирајќи дека стипендиите се заедничка иницијатива на МОН и  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство која како што рече, очекува да биде добар стимул за упис на поголем број студенти на факултетите од овие области, затоа што кадарот е навистина дефицитарен.

„Оваа Влада го воведе и субвенционираниот студентски оброк. И не постои никаква намера тој да биде укинат, туку напротив имаме за цел законското решение кое го регулира искористувањето на оваа мерка, да биде надградено, а во иднина износот да биде уште поголем од тој што сега се доделува на дневна основа и е во висина од 120 денари. Деновиве почнуваме дискусија со студентите за изнаоѓање на најдоброто системско решение кое ќе се применува од март или април следната година, а до тогаш ќе имаме исплата по постојните услови и тоа ретроактивно“, нагласи Шаќири.

Се осврна и на поддршката која МОН и Владата ја даваат на високообразовните установи за подобрување на условите за настава, потенцирајќи дека префрлени се значителни износи на средства за реконструкции, за набавка на опрема, лабораториски ресурси и слично, а како што рече, се вложува и во студентските сместувачки капацитети.

„Еден нов студентски дом е изграден во Тетово и наскоро ќе биде ставен во функција. Постојните државни студентски домови пак, скоро ќе почнат да се реконструираат. Имаме буџет од 25 милиони евра и тие ќе се искористат за темелна обнова на сите 9 државни објекти за сместување со замена на електрични, водоводни инсталации, фасади, топлотни системи, врати, прозорци, молерисување, опремување и така натаму. Градежните активности ќе започнат следната година и ќе завршат во рок од 30 месеци“, информираше министерот.

На крајот на излагањето, министерот за образование и наука посочи дека институциите на системот остануваат сојузници со студентите и продолжуваат да го слушаат нивниот глас, со цел да им се овозможи тука во сопствената земја да го реализираат својот полн потенцијал, без да бидат ограничени од било какви финансиски, организациски или инфраструктурни фактори.

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...