spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири - Светска банка оцени дека Проектот за унапредување на основното...

МОН: Шаќири – Светска банка оцени дека Проектот за унапредување на основното образование се реализира со високо задоволителна динамика

Мисијата на Светска банка од октомври годинава оцени дека Проектот за унапредување на основното образование има високо задоволителна динамика на спроведување на активностите и исполнување на индикаторите за напредок.

 Овој проект е дел од четиригодишната Стратегија на Светска банка за партнерство со земјата за периодот 2019-2023 година и предвидува инвестиции од 21,5 милиони евра во основното образование, насочени кон  подобрување на  условите за учење и решавање на најприоритетните предизвици кои се директно или индиректно поврзани со развојот на човечкиот капитал.

Ова е дел од излагањето на министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната средба со Фадиа Саада, директор за човечки развој за Европа и Централна Азија, на која присуствуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и министерoт за здравство Беким Сали.

Шаќири посочи дека во изминатиот 18-месечен период, по спроведена анализа на потребите, набавени се таблети, опрема, нагледни средства и мебел за кабинетите по природни науки. Направена е проценка за реновирање на 118 основни училишта каде ќе изведуваат мали градежни работи-тоалети, пристапни рампи и слично. Исто така, спроведено е пред-тестирање за национално оценување за 3. одделение на ниво на држава.

„Многу значајна активност е воведувањето на новите формули за распределба на буџетски средства во основното и средното образование, кои ќе помогнат во отстранувањето на повеќето неефикасности во постојното финансирање на образовниот систем во Северна Македонија. Во соработка со Светската банка и УНИЦЕФ веќе изработивме и студија за оптимизација на училишната мрежа“, рече министерот Шаќири.

Говорејќи за предизвиците во образовниот сектор кои се адресирани со Стратегијата за човечки капитал 2022-2030, Шаќири се осврна на активностите за подобрување на квалитетот на образованието преку олеснување на пристапот на наставниците до програми за професионален развој, вклучувајќи подобрување на дигиталните вештини на наставниците  за дигитална технологија и педагогија и на долг рок нејзино интегрирање во студиските програми на педагошките факултети. Во делот на фокусирањето на правична испорака согласно потребите на ранливите групи на население, МОН работи на одржување и зголемување на нивниот пристап до образование, преку институционализација на инструментите за намалување на загубите од учење и идентификување на учениците кои се изложени на ризик од напуштање на образовниот систем.

Министерството за образование и наука ја продолжува добрата соработка со Светска банка, која долги години е партнер на државата во повеќе области, а посебно е значајна помошта во создавањето квалитетно образование за секој ученик, со оглед на важноста на  образованието за економскиот раст и вработливоста.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...