HomeМинистерстваМЗШВ: Пријавување за полагање на испит за добивање на лиценца за проценител...

МЗШВ: Пријавување за полагање на испит за добивање на лиценца за проценител на тутун

spot_img
spot_img

Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање на испит заради добивање на лиценца за процена на необработен тутун ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО СО 02 декември 2022 година.

Испитот се полага пред комисија што ја формира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Обуката и полагањето на испитот за добивање на лиценца за процена на необработен тутун ќе се оддржи во период од 12 до 16 декември 2022 година во зависност од пријавените кандидати во Научен Институт за тутун-Прилеп во 11 часот.

Кандидатите кои ги исполнуваат законските услови за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на необработен тутун дополнително ќе бидат известени за денот на посетување на обуката и денот за полагање на испитот, како и за трошоците за обука и трошоците за полагање на испитот.

Заинтересираните кандидати заедно со барањето (кое се наоѓа во прилог на ова соопштение) за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на нбеобработен тутун треба да ги приложат следните потребни документи:

1. Кандидатите со соодветно образование треба да приложат:

-диплома за завршено високо, вишо или свидетелство за завршено средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун;

2. Кандидатите кои немаат соодветно образование треба да приложат:

-потврда од фирмата за работно искуство во областа на технологијата за производство и обработка на тутун и/или копија од М1/М2 Образец со податоци за работниот стаж и тоа:

*високо образование со две години работен стаж,

*вишо образование со три години работен стаж,

*средно образование со четири години работен стаж.

3. Кандидатите кои немаат соодветно високо, вишо или средно образование кои се производители на тутун непрекинато најмалку последните пет години треба да приложат:

-договори за производство и откуп на тутун или потврда од претпријатието со кое производителот склучувал договори за производство и откуп на тутун и документ за завршено образование.

4.  Кандидатите мора да имаат завршено средно образование (4 години).

Барањето заедно со потребната документација се доставуваат најдоцна до 02.12.2022 година до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на адреса: улица “Аминта Трети” бр.2, 1000 Скопје.

 

 

Документи за превземање

БАРАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОЦЕНА НА НЕОБРАБОТЕН ТУТУН

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија