spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Новите форми на договори за вработување се неизбежност во сите современи...

МТСП: Новите форми на договори за вработување се неизбежност во сите современи економии, вклучително и кај нас

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска со воведно обраќање ја отвори конференцијата „Нови форми на вработување на променливиот пазар на трудот“, во организација на Меѓународната организација на трудот, Здружението за трудово и социјално право и Фондацијата Импакт.

 

Министерката истакна дека во услови на висок технолошки развој неизбежна е појавата на променливост на пазарот на труд, што води кон воспоставување на нови форми на вработување, а со тоа се  наметнува и потребата од нивно уредување. И затоа, темата на која се дискутира е од особено значење, затоа што како креатори на политики од областа на трудот, мислењето и вклученоста на сите релевантни фактори во државата, но и поддршката и соработката со меѓународните актери се почитува.

„Договорот за вработување е одлична основа за воспоставување на професионален и коректен однос меѓу работникот и работодавачот, при што и двете страни имаат права и обврски кои произлегуваат од работниот однос. Работникот, има право да биде информиран за своите законски права, а во случај на спор, ако има основа да биде и обештетен. Договорот за вработување е исто толку суштински важен и за работодавачот, кој, покрај обезбедувањето на соодветна работна сила, која ги знае своите права и обврски и со која има јасно дефиниран однос, обезбедува и заштита на неговите права и интересите на бизнисот,“ рече Тренчевска.

Министерката посочи дека уредувањето на договорите за вработување е само еден од елементите и измените во новиот Закон за работните односи, на кој подолго време се работи.

„Верувам дека наскоро ќе биде готова и финалната верзија на новиот Закон за работни односи, по што ќе биде поставен на енер, согласно законската регулатива во нашата држава. Ќе бидат оддржани и јавни расправи ширум државата, за да можат што поголем број на организации, институции, граѓани, со коментари се вклучат во неговото финализирање, а со тоа да го подобриме работното законодавство во државата,“ истакна Тренчевска.

Таа изрази уверување дека споделените знаења и искуства и дискусии на конференцијата ќе дадат дополнителен придонес во натамошното конципирање на договорите за вработување, на новите форми на договори, кои стануваат неизбежност во сите современите економии, вклучително и кај нас.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...