spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВладата ја поддржува реорганизацијата на државните институции

Владата ја поддржува реорганизацијата на државните институции

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денеска учествуваше на Конференцијата „Први чекори кон реорганизација на државата“, организирана од Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Европската Унија.

Последните извештаи на Европската Комисија континуирано се однесуваат на приоритетите за зголемување на професионалноста и унапредување на ефикасноста на државната администрација, што е можно само преку воспоставување јасни линии на одговорност и зголемување на нивото на транспарентност како и намалување на нивниот број, истакна Груби на овој настан, и додаде: “Модернизацијата и деполитизацијата на државната администрација, врз основа на најдобрите практики, резултира со зголемена мотивација и креативност на вработените, продуктивност во јавниот сектор и задоволство на граѓаните. Токму од тие причини, во многу земји-членки на ЕУ редовно се разгледуваат улогите и одговорностите на државните органи со една единствена цел – да се поедностави организацијата на државната администрација”.

Во продолжение, целосниот говор:

Задоволство ми е да бидам меѓу вас денес, да ја изразам непоколебливата решителност и посветеност на Владата во реализација на еден од процесите што го одредуваат напредокот на нашата земја на патот кон интеграција во Европската Унија, процесот на реформирање на јавната администрација, што ги означува и првите чекори за реорганизација на државата во согласност со европските стандарди за работа.

Најпрво,  сакам да изразам благодарност и до Делегацијата на Европската Унија што преку реализацијата на овој комплексен и значаен проект за нашата земја го поддржува потребниот процес на законска и институционална реорганизација на јавната администрација, со единствена цел да се зголеми неговата оперативна ефикасност за потребите на граѓаните.

Спроведениот пилот проект во Министерството за економија, Министерството за информатичко општество и јавна администрација и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја нагласува сериозноста на предизвикот со кој се соочуваме и потребата од многу длабока реформа. Драго ми е што преку овој проект сега ни стои на располагање објективен пристап на експерти со кои на најдобар начин би ги  реорганизирала овие институции.

Доброто функционирање на институциите е пред сè предуслов за креирање и успешно спроведување на политики кои го промовираат социјално-економскиот развој во земјата.

Последните извештаи на Европската Комисија континуирано се однесуваат на приоритетите за зголемување на професионалноста и унапредување на ефикасноста на државната администрација, што е можно само преку воспоставување јасни линии на одговорност и зголемување на нивото на транспарентност како и намалување на нивниот број.

Прераспределба на улогите и одговорностите, намалување на бројот на високи раководни позиции, дефинирање на нови улоги и спречување на прекумерна бирократизација се целите на Стратегијата за реформа на јавната администрација (2018-2022), која Владата ја одобри во февруари 2018 година.

Модернизацијата и деполитизацијата на државната администрација, врз основа на најдобрите практики, резултира со зголемена мотивација и креативност на вработените, продуктивност во јавниот сектор и задоволство на граѓаните. Токму од тие причини, во многу земји-членки на ЕУ редовно се разгледуваат улогите и одговорностите на државните органи со една единствена цел – да се поедностави организацијата на државната администрација.

Истите практики се примерот што го следевме при планирањето на процесот на реорганизација во нашата земја. Реформите во државната администрација значат и создавање професионална култура во самите институции што ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните преку обезбедување квалитетни јавни услуги и поголеми резултати.

Реорганизацијата на државните органи пред се е обврска кон граѓаните на ова општество. Се подразбира дека очекуваат и заслужуваат квалитетни јавни услуги по пониски трошоци. Затоа, секоја ефикасна државна администрација подразбира целосен и ефикасен одговор на токму таквите очекувања.

Заработување и одржувањето на довербата на граѓаните значи државна администрација која се придржува до основните принципи на владеење на правото, интегритет и непристрасност, отвореност, ефикасност и одговорност.

По завршувањето на пилот проектот, Владата се обврза ефективно да го започне процесот на реорганизација од јануари 2024 година. До тогаш повикувам на целосна поддршка од сите политички и други чинители, како и од секој поединец во општеството.

Ви благодарам за вниманието!

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Македонски Брод: Реконструкција на улицата “Васко Карангелески” и “Илинденска”

0
Активностите за реконструкција на улица “Васко Карангелески” и улица “Илинденска”, кои се наоѓаат во централното подрачје на градот, се во завршна фаза.     ...