spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаРеформите не се обврска само кон ЕУ, тие се наша должност и...

Реформите не се обврска само кон ЕУ, тие се наша должност и обврска кон граѓаните

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во обраќањето на втората панел-дискусија, посветена на „Зелена агенда и одржлива поврзаност“ и „Ресурси, земјоделство и кохезија“, рече дека напредокот во спроведувањето на реформите не е само обврска кон ЕУ и преговорите за членство во ЕУ, туку дека тоа е должност и обврска кон граѓаните.

– Целта ни е јасна, реформите мора да продолжат, а секоја институција да биде на ниво на својата задача, особено законодавниот дом. Ова е државен и тимски процес, кој со својата тежина и важност, бара целото општество да биде вклучено и сите да застанеме зад европската иднина, рече вицепремиерот Маричиќ.

Според главниот преговарач со ЕУ, Маричиќ, Извештајот на Европската комисија доаѓа во вистинско време, паралелно со скрининг процесот, кој дава вистински насоки и можност правилно да се планираат следните реформи и каде, во кои области, треба да се даде приоритет.

Тоа сме го ветиле не само на европските партнери, туку и на граѓаните. Имам кажано неколку пати ќе кажам и сега дека како Влада имаме одговорен пристап кон она што е нотирано во годишниот Извештај и дека секоја забелешка и препорака ќе биде појдовна точка и основа за дефинирањето и планирањето на следните реформски активности, додаде Маричиќ.

На денешната панел-дискусија, посветена на две важни области, Кластер 4, „Зелена агенда и одржлива поврзаност“ и Кластер 5, „Ресурси, земјоделство и кохезија“, вицепремиерот Маричиќ рече дека ова се кластери кои имаат многу обемни делови од регулативите на ЕУ, и кои бараат финансиска поддршка.

Целта е да им обезбедиме предуслови за подобро здравје, подобар квалитет на живот на граѓаните и конкурентна економија преку воведување и имплементација на високите стандарди на ЕУ, посочи Маричиќ, додавајќи дека сите кластери и поглавја се важни и имаат своја посебна тежина, но според него овие две се посебно актуелни теми оваа година поради сите нарушувања на светскиот пазар на енергенси, но и кризата со храна, предизвикани од војната во Украина.

Во областа на земјоделството и руралниот развој главниот преговарач Маричиќ рече дека резултатот од евроинтегративниот процес ќе биде пристап до пазарот на ЕУ со над 500 милиони потрошувачи, а на македонските земјоделци ќе им овозможи на да користат средства од фондовите за земјоделство и рурален развој, да го подобрат квалитетот на производите и со тоа значително да ја зголемат нивната конкурентност на пазарот на ЕУ.

Секретаријатот за европски прашања со поддршка преку проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“ кој го спроведува Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги УНОПС, организира серија панел дискусии под слоганот: „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности!“, посветени на годишниот Извештај на Европската комисија за Северна Македонија за 2022.

Темата на денешните две панел дискусии е: „Зелена агенда-Обновливи ресурси, македонска храна, европски пазари“, а панелистите говореа за напредокот и предизвиците во кластерите 4 и 5, напредокот кој е постигнат, надминувањето на нотираните слабости во насока на хармонизација и усвојување на европското законодавство и предизвиците кои ни претстојат, бидејќи полноправното членство во Европската Унија ни е од недвосмислен интерес и дека треба да се работи заеднички и посветено во процесот.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...