spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Средба на министерот Пенов со амбасадорот на Бугарија, Ангелов

МЛС: Средба на министерот Пенов со амбасадорот на Бугарија, Ангелов

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов оствари средба со амбасадорот на Бугарија, Ангел Ангелов.

На состанокот се разговараше за соработката меѓу Министерството за локална самоуправа и Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија, како и за перспективите на процесот на интегрирање на државата во Европската Унија.

Министерот за локална самоуправа истакна дека соработката меѓу двете министерства, надлежни за имплементирање на ИПА Програмата на ЕУ за прекугранична соработка е на високо ниво. За тоа зборува и високиот процент од 100% искористеност на средствата од Европската Унија за финансирање на проекти во општините во пограничниот регион.

Во втората фаза од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу двете земји, со вкупен буџет од 19,5 милиони евра,се одобрени 30 проекти, од кои повеќето се и реализирани. Веќе идната недела ќе биде означен и почетокот на третата фаза, во рамките на која ќе бидат организирани нови јавни повици за проекти.

На состанокот се разговараше и за подинамична реализација на Меморандумот за соработка меѓу двете министерства за размена на искуства и градење на капацитети за подобра имплементација на ИПА програмите, преку кои што се финансираат многу корисни проекти во општините, но и се гради довербата меѓу граѓаните, што е од голема важност во процесот на интегрирање на земјата во Европската Унија.

 

 

 

 

Извор: Министерство за локална самоуправа 

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...