На средбата со Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), преставниците на Синдикатот на УПОЗ, го искажаа ставот на Синдикатот во врска со новите Предлог – Закони за вработените во јавниот сектор и административни службеници.
На барање на Синдикатот на УПОЗ, вчера во просториите на МИОА се одржа работен состанок со министерот Адмирим Алити на кој се дискутираше за актуелните прашања со кои се соочуваат вработените во државната администрација.
Синдикатот на УПОЗ на оваа средба беше преставуван од Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, Генералниот секретар Бојан Трипуноски и претседателот на одборот за административни службеници Зоран Георгиевски.
Претседалот Деаноски укажа на фактот дека Синдикатот на УПОЗ има предложи и забелешки на предложените текстови на законите за вработените во јавниот сектор и административни службеници. Дел од овие предлози веќе се доставени и соопштени пред МИОА, и информираше дека Синдикатот на УПОЗ ќе земе активно учество на престојните јавни дебати по овие закони.
Од страна на претставниците на Синдикатот беше побарано членот 71 од Предлог – Законот за административни службеници да се однесува на сите вработени во државната администрација. Се нагласи дека доколку опсоти предложеното законско решение, одредена група на вработени се дискриминираат и за иста работна позиција ќе добиваат различна плата.
Претседателот Деаноски го запозна Министерот Алити со правото на исплата за регрес за годишен одмор за 2020 година, право кое им следува на вработентие во државната администрација, односно дека одредени работодвачи веќе изнаоѓаат начин да го исплатат ова право утврдено со Гранскиот колективен договор, и дека веќе се поднесени голем број на тужби за ова право. Со ова се потврдува и ставот на Синдикатот на УПОЗ дека со заклучок на Влада не може да се дерогираат права предвидени во Колективен договор.
Министерот Алити посочи дека одредени решенија во Предлог – Законот за административни службеници се насока на Европската унија и дека тие во одреден дел мора да се испочитуваат. Тој укажа и на тоа дека потребно е да го унапредиме социјалниот дијалог, и Синдикатот на УПОЗ ќе биде вклучен во целиот процес на реформата која ни следи.
Извор: УПОЗ