Дечињата од градинката „Росица“ ја посетија општина Ѓорче Петров. Во општинските простории ги пречека градоначалникот Александар Стојкоски кој на подарок од нив доби макета на општина Ѓорче Петров.
Не изостана детската смеа, пеењето на химната за Ѓорче Петров и по некоја стихотворба научена во убавите детски занимални. За тоа, наставниот кадар предводен од воспитувачите Јуле и Сораја, логопедот Љупка и директорката Даниела се погрижиле да изгледа на највисоко ниво.
Извор: Општина Ѓорче Петров