spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Стојкоски на дебата “Иновативни алатки за финансирање на стратешки документи“

Ѓорче Петров: Стојкоски на дебата “Иновативни алатки за финансирање на стратешки документи“

Заедно со тимот од ЛЕР на општина Ѓорче Петров, градоначалникот Александар Стојкоски присуствуваше на тематска дебата “Иновативни алатки за финансирање на стратешки документи“, која се одржа во хотел „Александар палас“.

Присутни беа и претставниците од локалните самоуправи, централната власт, МАНУ, приватниот сектор, невладиниот сектор, Британската Амбасада, Амбасадата на Република Словачка, УНДП и канцеларијата на Обединетите Нации. Се дискутираше за финансиските потреби за поттикнување на инвестициите и одржливиот развој на државите од Западен Балкан (WB6), минатите и тековните случувања на глобалните економски пазари, нивните влијанија на локално ниво зголеменото ниво на јавен долг намалениот фискален простор на јавните институции и ограничениот пристап до финансирање.

Тематаската дебата е дел од Националната развојна стратегија на државата (2022-2042 година), која претставува широк и инклузивен процес во кој преку консултации општината даде свој придонес со конструктивни идеи за традиционално и иновативно финансирање во различни области, преку воведување нови иновативни финансиски инструменти преку кои би се подобрило функционирањето на самите општини.

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров 

Прочитајте