Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија денес врз основа на Одлуката на извршниот одбор поднесе барање до народните пратеници во Законодавниот дом на Македонија за целосно почитување на Законите и правилно и целосно проектирање на Буџетот за 2023 година.
Неможноста да интервенираме во Економско Социјалниот Совет поради цврстиот негативен став на владините претставници, пред се на Претседателот на Економско Социјалниот Совет, министерката г-ѓа. Јованка Тренчевска и министерот за финансии г-дин. Фатмир Бесими, донесовме Одлука да се обратиме до пратениците во Законодавниот дом да укажеме на кршењето на Законите и отсутноста од желбата за помош на работниците во оваа економска/енергетска инфлаторна криза.