spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Ѓорѓиевски - Ги решивме сите барања за легализација кои имаа...

Кисела Вода: Ѓорѓиевски – Ги решивме сите барања за легализација кои имаа целосна документација

Ветив за две, а за само една година од мојот мандат ги решивме сите предмети за кои беше поднесена целосна документација или не беа предмет на судски спор, истакна вчера градоначалникот Ѓорѓиевски. Додаде дека во наредните три дена на граѓаните ќе им биде доставен до дома решениот предмет.

 

-Кога ја барав поддршката на граѓаните и кога пред нив излегов со мојата програма, ветив дека за две години ќе бидат решени сите предмети за легализација кои се решливи и не се предмет на судски спорови. Иако ветив за две, денес на само една година од мојот мандат завршени се сите барања за легализација за кои моите сограѓани поднеле целосна документација.

За една година од мојот мандат решивме 2474 легализации кои наредните три дена на сите подносители ќе им биде до дома доставен решениот предмет.

Оние пак кои не се решени, се предмети за кои не е доставена комплетна документација и согласно Законот изготвени се заклучоци за прекин за кои граѓаните се навремено информирани.

Со ова, ги завршуваме чистите предмети и апелирам до граѓаните кои се уште не го направиле тоа, до Нова Година да ги достават своите барања до општината за да може да се постапи експресно и позитивно како што беше случај во изминатата година и конечно да се заврши проблемот со дивоградбите, за секој граѓанин да си добие имотен лист за својот дом.

Тука сакам да се заблагодарам и на општинската администрација која во текот на целата година напорно работеше за се ова денес да биде една успешна приказна и да биде решена една голгота со која моите сограѓани се соочуваа во изминатите години.

Кисела Вода се менува, мојот народ го заслужува тоа, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

МЗШВ: Ќе биде исплатена финансиска поддршка за произведена и предадена слива...

0
Денеска исплатата кон земјоделците продолжи. Ќе бидат исплатени корисниците од мерка 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година. Исплатата ќе...