Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска го прими амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија. Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија. Амбасадорот Лозано Гарсија му го честита изборот на министерот Пенов со желби за успешна работа и соработка.
На состанокот беа истакнати пријателските односи меѓу двете земји и досегашната соработка, како и можноста за нејзино продлабочување во областите на туризмот и на културата. За таа цел беше изразена подготвеност да се иницира соработка и меѓу општини и региони од двете земји со слични специфики, како и размена на искуства кои што ќе помогнат во напорите за подинамичен локален развој, преку паметно искористување на природните потенцијали.
Министерот Пенов ја истакна поддршката на Шпанија на Северна Македонија во процесот на зачленување на земјата во НАТО. Исто така беше нагласена и поддршката на земјата во процесот на интегрирање во Европската Унија.
Притоа беше поздравено отпочнувањето на преговарачкиот процес на Северна Македонија со Унијата и изразена поддршка на Кралството Шпанија за што поскоро отварање на преговорите на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија, по конкретните поглавја.