Британскиот фонд за стипендии – British Scholarship Trust доделува до 6 стипендии за кратки студиски престои (од 1 до 3 месеци) за млади истражувачи од Република Северна Македонија на соодветни високообразовни и научнo – истражувачки институции во Велика Британија за 2023 година.
Стипендијата изнесува 1000 фунти месечно за универзитети надвор од Лондон и 1200 фунти месечно за институции во Лондон, за покривање на трошоците за сместување и исхрана. Патните трошоци паѓаат на товар на кандидатите.
Услови за конкурирање:
- Завршени академски универзитетски студии од прв циклус со просечен успех над 8,00;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Да не се постари од 30 годиниво академската година на студискиот престој;
- Да имаат обезбедена согласност од соодветна институција од Велика Британија за реализација на студискиот престој.
Потребни документи за конкурирање:
- Молба, вклучително адреса на живеење, е- mail и контакт телефон ;
- Биографија (CV);
- Предлог програма за истражување, на една страна, формат А4;
- Согласност од институцијата во Велика Британија за прифаќање на студискиот престој;
- Копија од диплома за завршено образование;
- Две препораки од универзитетски професори или истражувачи, во запечатени пликови;
- Потврда за познавање на англискиот јазик (TOEFL, IELTS или слично) и
- Пополнета апликација преземена од www.britishscholarshiptrust.orgи две фотографии.
Пополнетата апликација и другите потребни документи треба да се поднесат во Министерството за образование и наука, на англиски јазик, на адреса:
ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр.54, 1000 Скопје,
Одделение за меѓународна соработка во образованието и науката
Крајниот рок за поднесување на документите е 01 март 2023 година.
Подетални информации може да се обезбедат преку www.britishscholarshiptrust.org или на e-mail: aleksandar.tutnovski@mon.gov.mk.