spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Средба на министерот Пенов со косовскиот колега Елберт Красниќи

МЛС: Средба на министерот Пенов со косовскиот колега Елберт Красниќи

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов имаше средба со министерот за локална самоуправа на Косово, Елберт Красниќи, во Скопје, во рамките на Програмата за добро управување на Советот на Европа, спроведена од организацијата АЛДА. Двајцата министри на одвоена средба разговараа за приоритетните прашања во спроведувањето на ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Косово, како и за напредокот на процесот за отпочнување на новиот ИПА3 програмски период.

На состанокот беше изразено задоволство од имплементацијата на Програмата за прекугранична соработка, која што иако започна подоцна, дава добри резултати. Во првиот и во вториот програмски период се имплементирани вкупно 21 проект во вредност од околу 8 милиони евра за двете држави.

Во рамките на оваа Програма е финансирана и изградбата на
граничниот премин Белановце-Станчиќ, со 1,2 милиони евра, средства од Европската Унија.

Двајцата министри разговараа за потенцијалните стратешки проекти кои што ќе бидат имплементирани со новата Програма за прекугранична соработка, како и за соработката меѓу двете министерства за размена на искуства и зајакнување на административните капацитети за поефикасно и поотчетно управување со средствата од Европската Унија.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за локална самоуправа 

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...