МЛС: Девет општини со признанија за добро управување од Советот на Европа

МинистерстваМЛС: Девет општини со признанија за добро управување од Советот на Европа

Најчитано

Ме радува фактот што меѓу добитниците од нашава земја се урбани, но има и една рурална општина, општини со различна големина и со различни капацитети и ресурси, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на доделувањето на наградите за добро управување – АЛДА, Европска асоцијација за локална демократија.

– Стекнувањето на ова признание значи дека овие општини поминале пат на успешна внатрешна трансформација во однос на подобрување на работните процеси. Многу е важно што станува збор за стандарди на Советот на Европа и што целиот процес го води Советот. Тоа значи менторство, но и поддршка во примената на нови иновативни практики во работењето за да се биде поефикасна, поотчетна и потранспарентна општина., додаде министерот Пенов.

Според него стекнувањето со ова признание значи дека овие општини се препознаени од Советот на Европа, а стандардите на Советот се препознаени од сите земји, членки на ова семејство. Тоа значи поголема капацитетност на општината, но и поголема конкурентност.

– Во нашава земја најголем предизвик на сите нивоа на управување, вклучително и во општините е зачувувањето на човечкиот капитал и вложувањето во него, додаде Пенов.
Учесници во регионалната  програмата беа 13 општини од Северна Македонија, кои што самостојно аплицирале, а  општините Аеродром, Берово, Битола, Виница, Куманово, Неготино, Новаци, Радовиш и Штип, како и шест од Косово и три општини од Хрватска, успешно ја поминале методологијата на Советот на Европа.

На настанот присуствуваа министерот за локална самоуправа на Косово, Елберт Красниќи, претседателот на АЛДА,  Ариао Оточани, претставници на канцеларијата на АЛДА во Скопје како и претсавници на Советот на Европа.

 

 

 

Извор: Министерство за локална самоуправа 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе