spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Јавен повик за доделување финансиска поддршка на повозрасни граѓани – пензионери...

Центар: Јавен повик за доделување финансиска поддршка на повозрасни граѓани – пензионери во социјален ризик

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување финансиска поддршка на повозрасни граѓани – пензионери во социјален ризик од Општина Центар-Скопје

 

Општина Центар-Скопје распишува Јавен повик за доделување финансиска поддршка на повозрасни граѓани – пензионери во социјален ризик, на нејзината територија. Со Измената и дополнувањето на Програмата за здравствена, социјална заштита на деца за 2022 година обезбедени се средства за еднократна финансиска поддршка за да им се помогне на лицата од најранливата категорија граѓани – пензионерите во услови на тешка економска и енергетска криза.

Јавниот повик е отворен од 23.11.2022 година и ќе трае до 07.12.2022 година.

Финансиската поддршка е предвидена за:

  • Приматели на пензија до 17.518,00 денари (износ во висина на просечната пензија во Република Северна Македонија)

Висината на еднократната финансиска поддршка на повозрасните граѓани – пензионери во социјален ризик, изнесува 1.500,00 денари.

Сите заинтересирани пензионери можат да аплицираат за добивање финансиска поддршка и за тоа треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

  • Лицето – пензионер да е жител на Општина Центар-Скопје,
  • Лицето – пензионер да има пензија во рамките на горенаведениот износ.

За добивање на оваа финансиска поддршка треба да се достават следниве документи:

  • Барање за доделување финансиска поддршка на повозрасни граѓани – пензионери во социјален ризик,
  • Копија од лична карта,
  • Копија од трансакциона сметка,
  • Доказ од последна примена пензија (за месец октомври 2022 година).

Барањето за доделување финансиска поддршка на повозрасни граѓани – пензионери во социјален ризик е достапно во просториите на Општина Центар-Скопје, Архива на Општина Центар-Скопје (барака 6) и на веб страната на Општина Центар-Скопје www.centar.gov.mk.

Комисијата формирана од  Градоначалникот на Општина Центар-Скопје, ќе ги разгледува и ќе одлучува за поднесените барања.

На повозрасните граѓани – пензионери што аплицирале и ги исполниле критериумите, Општина Центар ќе им достави решение за доделување на финансиска поддршка.

Финансиската исплата на трансакциските сметки на пензионерите ќе ја изврши Секторот за финансиски прашања на Општина Центар-Скопје.

Ги повикуваме сите пензионери што ги исполнуваат условите да аплицираат и да го остварат правото за доделување на финансиска поддршка.

Барање за финансиска поддршка за повозрасните граѓани – пензионери во социјален ризик

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте