spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Почнува Јавниот повик за доделување 3.300.000 денари за пензионерите

Центар: Почнува Јавниот повик за доделување 3.300.000 денари за пензионерите

Општина Центар распишa  Јавен повик за доделување финансиска поддршка на повозрасни граѓани, пензионери во социјален ризик со место на живеење на територија на општината. Оваа мерка минатата недела ја соопшти градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, а истата беше донесена на последната 16-та седница на Советот во Општина Центар.

Станува збор за доделување еднократна финансиска поддршка со цел да им се помогне на лицата од најранливата категорија граѓани, пензионерите во услови на тешка економска и енергетска криза. Оваа финансиска поддршка Општина Центар ја предвидува за приматели на пензија чиј износ е до 17.518,00 денари.

„Верувам дека во оваа криза на зголемени цени на прехранбените производи и електричната енергија еднократната финансиска поддршка која ја доделуваме ќе им биде од помош на повозрасните граѓани да подмират дел од трошоците при набавка на прехранбени продукти, подмирување на месечните сметки или набавување на потребната здравствена терапија. Општина Центар повторно успеа да им излезе во пресрет на највозрасните сограѓани кои се најзаслужни за тоа каде сме денес“, смета Герасимовски.

Висината на еднократната финансиска поддршка која Општина Центар ја доделува на  повозрасните граѓани, пензионери во социјален ризик изнесува 1.500,00 денари.

Заинтересираните пензионери можат да аплицираат за добивање финансиска поддршка само ако се жители на Општина Центар и имаат пензија во рамките на горенаведениот износ.

За добивање на оваа финансиска поддршка треба да се достави, барање за доделување финансиска поддршка на повозрасни граѓани – пензионери во социјален ризик, копија од лична карта, копија од трансакциона сметка и доказ од последна примена пензија (за месец октомври 2022 година). Општина Центар напоменува дека пензионерите кои сакаат да учествуваат во Јавниот повик не се обврзани лично да ги достават потребните документи туку тоа може да го направат и други членови на семејството или блиското опкружување.

Јавниот повик Општина Центар го отвора денеска, среда 23.11.2022 година и ќе трае до 07.12.2022 година. Барањето за доделување финансиска поддршка на повозрасни граѓани – пензионери во социјален ризик е достапно во просториите на Општина Центар-Скопје, Архива на Општина Центар-Скопје (барака 6) и на веб страната на Општина Центар-Скопје https://www.centar.gov.mk/?p=16108.

Поднесените документи ќе бидат разгледувани од Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Центар-Скопје, Горан Герасимовски. Граѓани кои аплицирале и ги исполниле критериумите, Општина Центар ќе им достави решение за доделување на финансиска поддршка.

Финансиската исплата на трансакциските сметки на пензионерите ќе ја изврши Секторотза финансиски прашања на Општина Центар-Скопје.

Општина Центар ги повикува пензионери што ги исполнуваат условите да аплицираат и да го остварат правото за доделување на финансиска поддршка.

 

 

 

Извор: Општина Центар

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...