spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Ја унапредуваме позицијата на жената на пазарот на трудот, родовата еднаквост...

МТСП: Ја унапредуваме позицијата на жената на пазарот на трудот, родовата еднаквост во приватниот сектор е шанса за професионален раст и развој на секоја жена

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска присуствуваше на настан насловен „Зајакнување на позицијата на жените во приватниот сектор“, организиран од Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, како членка на Алијансата за родова еднаквост при Асоцијацијата за е-трговија.

 

Настанот беше посветен на иницијативата за еднакви можности, еднаква застапеност и еднакво вреднување на трудот преку  промовирање на важноста на родовата еднаквост, недискриминација и еднакви права и можности за сите.

По тој повод министерката Тренчевска во своето обраќање до присутните, особено до жените кои се дел од приватниот сектор изрази почит за нивната истрајност и борбеност за родова еднаквост на работните места и нагласи дека тие се пример на нови игри и правила, како и мотивација за сите жени.

„Секоја од вас верувам ја знае мојата посветеност на промовирањето на родовата еднаквост во нашето општество, на подобрувањето на условите за живот, но и личен развој на жените, за еднаква плата за жените, но и еднакви можности. Затоа ви се обраќам пред се како жена, жена која верува во моќта на жените, нивните капацитети и квалитети. Како министерка гордо би ви кажала дека жените се приоритет во секоја моја одлука, посебно кога станува збор за нивната интеграција на пазарот на трудот. Свесна сум за важноста на економското зајакнување на секоја жена во Република Северна Македонија, “нагласи Тренчевска.

Министерката истакна дека Министерството посветено работи на развивање на програми и мерки кои го поддржуваат вработувањето. Притоа, информираше дека, за нецели 2 години  преку мерките на Оперативниот план за активни програми и мерки,  се вработиле   3370 жени, а со вештини и квалификации барани на пазарот на трудот се стекнале 6035 жени, односно речиси 10.000 жени се вработени или работно- оспособени.

„Грантовите за самовработување се најпривлечна мерка за жените очигледно.  Токму нивните нови иновативни бизниси, поддржани од Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, но и од вас, во текот на нивниот развој допринесуваат за нова бизнис клима, за раздвижување на конкуренцијата, за оснажнување на други жени. Токму нивните идеи, напори, но и потреба за вмрежување се опфатени во Стратегијата за развој на женското претприемаштво, која треба да промовира економското јакнење на жените преку создавање на поволна бизнис клима и обезбедување поддршка за развој на нивниот претприемнички потенцијал, со што ќе се придонесе кон развојот на постоечките и отворање на нови претпријатија, креирање на нови работни места а со тоа и јакнење на целокупната економија,“ порача Тренчевска.

Министерката информираше дека, Министерството за труд и социјална политика неуморно работи и на новиот предлог Закон за работни односи, кој ќе биде насочен токму кон подобрување на правата и состојбата на работниците.

„Во Законот е предвидено воспоставувањето на три вида на отсуство освен,  обезбедување на заштита, имаат за цел и изедначување на улогата на мајката и таткото, односно мажот и жената во периодот на подигање на детето или децата. Дополнително, ќе биде предвидена и можност за флексибилни форми на работа, кои на двата родители ќе им овозможат да работат флексибилно, заради грижа и нега на дете, во форма на работа со неполно работно време, прилагоден распоред на работните часови или работа на далечина, во согласност со неговите потреби за давање грижа и нега на детето и потребите на работодавачот поврзани со работниот процес,“ истакна Тренчевска.

Таа посочи дека на овој начин, работничката -мајка, ќе може, исто како и таткото- работник да се еднакви во извршувањето на родителските должности, вклучително и правото на еднаков професионален развој.

„Чувствувам потреба во пресрет на почетокот на кампањата за 16 денови активизам против насилството врз жените дека токму економски стабилните жени, сигурни, самоуверени и храбри се оние кои застануваат храбро за себе, за своите деца и против било која форма на насилство со која може да се соочат.  Затоа сте ни важни, вие и вашите приказни, вашите ширум отворени раце за поддршка, но и вашата визија за рамноправност,“ рече Тренчевска.

Министерката изрази уверување дека активностите на Министерството но и нејзината лична заложба за подобрување на позицијата на жената на пазарот на трудот ќе бидат доволен мотив за сите да продолжат со промовирање на еднаквоста во приватниот сектор и испишување подобри правила за професионален раст и развој на жените, токму онаму каде мажите заборавиле да го направат тоа.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...