spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМаричиќ: 2030 е реално време за исполнување на обврските кон ЕУ

Маричиќ: 2030 е реално време за исполнување на обврските кон ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, на својот Фејсбук профил објави дека 2030 е реално време за спроведување на демократските реформи, одржлив напредок на земјата и постепено вклучување на единствениот пазар на ЕУ.

Маричиќ вели дека убава вест доаѓа од Европскиот парламент, кој денеска го усвои Извештајот подготвен од европратеникот на социјалдемократската партија (S&D), Тонино Пицула.

– Планот за новата стратегија за проширување има јасен рок: пристапните преговори треба да завршат до крајот на 2030 година. Проширувањето била и мора да остане една од најуспешните политики на ЕУ, но сега неопходно е да се активира со цел ЕУ да го зачува својот кредибилитет и да остане геополитички играч”, пишува вицепремиерот Маричиќ.

Во овој Извештај се и наведува и дека усогласувањето со заедничката надворешна политика на ЕУ е услов да се остане на европскиот пат.

Меѓу главните заклучоци од Извештајот се:

  • Нема алтернативи за замена на проширувањето на ЕУ;
  • Јасни рокови: пристапните преговори треба да завршат до крајот на 2030 година;
  • Гласање со квалификувано мнозинство во областите релевантни за процесот на пристапување, освен конечната одлука, за подобрување на одлучувањето за да избегнеме билатерални спорови како алатка за блокирање;
  • Финансирањето на ЕУ и неговите опипливи резултати мора да бидат повидливи во земјите на проширување;
  • Наградување на земјите-кандидати кога тие ќе постигнат одржлив напредок, вклучително и со нивно постепено вклучување на единствениот пазар на ЕУ и реагирање; на регресија или постојан недостаток на напредок во реално време;
  • Главен преговарач од страната на ЕУ за секоја земја; Ова може да биде од корист за транспарентноста на процесот, пред се кога комуницираме со граѓаните на земјите кандидати.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Кисела Вода – Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со хрватската амбасадорка Нивес...

0
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка н.е. Нивес Тигањ, која повторно ја посети општината во рамки на...