Врз основа на член 49 став 5 од Законот за студентскиот стандард (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/13, 120/13, 41/14,146/15, 30/16, 178/16 и 64/18, 20/19 и “Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.124/19, 248/20 и 302/20 ) и Решението за распишување на Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2022/2023 година бр. од година, Министерството за образование и наука, распишува
КОНКУРС
за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2022/2023 година
Министерството за образование и наука за студиската 2022/2023 година со конкурсот ќе додели вкупно 135 стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македoнија.
- УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА ЗА СТУДЕНТИ РОМИ
Право на стипендија имаат студентите запишани на студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните високообразовните установи во Република Северна Македонија и кои ги исполнуваат следните услови:
1.Да се припадници на Ромската етничка заедница;
2.Да се државјани на Република Северна Македонија;
3.Да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании.
II.КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА ЗА СТУДЕНТИ РОМИ
Стипендиите за студенти Роми ќе се доделат согласно следните критериуми:
- Постигнатиот среден успех на кандидатот од сите години од средното образование, за студентите кои се запишани во прва година на студии;
- Постигнатиот среден успех од сите претходни студиски години за студентите кои студираат во сите останати години;
- Да се редовни студенти на некој од јавните или приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2022/2023 година;
- Предност при селекција ќе имаат студентите Роми кои студираат на јавните или приватните факултети во Република Северна Македонија кои образуваат наставен кадар.
Студентите кои во студиската 2021/2022 година биле корисници на стипендија од Министерството за образование и наука, а не запишале нареден семестар или повисока студиска година, немаат право на стипендија во академската 2022/2023 година.
III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
Висината на стипендијата изнесува 5000 денари месечно за девет месеци во текот на една студиска година.
- НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk
од 24.11.2022 до 9.12.2022 година. Потребните документи за
аплицирање се следните:
- A)За студенти запишани во прва студиска година потребни се следните документи:
- Потврда за редовен студент во студиската 2022/23;
- Скенирани оргинални свидетелства од сите 4 години од средно образование
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
- Трансакциска сметка на име на студентот.
Б) За студентите од сите останати студиски години, потребни се следните документи:
- Потврда за редовен студент во студиската 2022/23;
- Скениран индекс;
- Уверение за положени испити;
9.Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
10.Трансакциска сметка на име на студентот.
Некомплетно пополнета апликација нема да се разгледува во процесот и истата нема да влезе во конкуренција со останатите кои се пријавиле на конкурсот.