Домашните компании со владина поддршка инвестираат и вработуваат, кризата е и можност за економски раст и развој

ВладаДомашните компании со владина поддршка инвестираат и вработуваат, кризата е и можност...

Најчитано

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ја посети „Актива“, компанија со домашен капитал која две децении е етаблирана во металопреработувачката индустрија, а од 2014 година влегува и во сегментот на автомобилската индустрија.

Компанијата е корисник на мерка од Законот за финансиска поддршка на инвестициите за петгодишен инвестициски проект започнат во 2018 година, со вредност од 5 милиони евра и имаат 580 вработени.

 

„Поддршката на компаниите во реализирањето на нови инвестициски проекти и во зајакнувањето на нивната конкурентност е наша определба, бидејќи на тој начин се засилува економскиот раст и развој на земјава, расте БДП, и крајно се подигнува животниот стандард на граѓаните. Оваа година се потпишани нови 277 договори за поддршка со компании кои влегуваат во инвестициски циклуси од околу 145 милиони евра и ќе креираат повеќе од 3.700 работни места во наредните 5 години или до завршувањето на нивните договори. Само во 2021 година овие 277 компании, инвестирале околу 50 милиони евра и креирале над 1.500 нови работни места. Преку овој Закон во изминатите 5 години, колку што се спроведува оваа мерка, склучени се договори за поддршка со 630 компании.

Владата креира поволен деловен амбиент и ги поддржува еднакво како странските, така и домашните инвеститори. За нас се сите важни, сите кои инвестираат, кои создаваат нова економска вредност и работни места. Целта е во оваа криза заеднички да ја пребродиме да се отвораат подобро платени работни места, а компаниите да инвестираат, да се осовременуваат, да бидат продуктивни и конкурентни на европските пазари“, рече Ковачевски и дода дека нашите компании уште еднаш покажаа колку се агилни и во вакви тешки времиња инвестираат во подобрување на нивната конкурентност, нивните продукти, воведување нови производствени линии заради зголемена ефикасност и продуктивност.

Зоран Илиевски, менаџер на „Актива“ рече дека континуирано го зголемуваат производството и вработените и извезуваат за „Тисен Круп“, „Ван Хол“ и „Фастглобал Солушн“.

„Пребродувајќи ги здравствената и енергетската криза успешно покажеме дека како домашна компанија кои што ги користи субвенциите на Владата за капитални инвестиции сме успеале после 2021 година и корона кризата да го зголемиме производството за 60%. Успеавме да го зголемиме бројот на вработени на повеќе од 30%, односно имаме вкупно 580 вработени и со тоа да заокружиме еден процес кој ни отвора нови можности за да можеме да ги покриваме пазарите од Европа и од светот“, рече Илиевски.


Ковачевски во „Актива”: Домашните компании со владина поддршка инвестираат и вработуваат, кризата е и можност за економски раст и развој

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ја посети „Актива“, компанија со домашен капитал која две децении е етаблирана во металопреработувачката индустрија, а од 2014 година влегува и во сегментот на автомобилската индустрија.

Во продолжение е изјавата на премиерот Ковачевски, пренесена во целост:

„Почитуван Иле Николов, сопственик на Актива,
Почитуван Зоран Илиевски, менаџер во Актива
Почитувани присутни,

Ми претставува голема чест и задоволство кога сум во посета на компании кои години наназад имаат традиција на работење, имаат скромни почетоци, но се развиваат во сериозни компании, каде расте производството, вработените, а со тоа и самата продуктивност на компаниите.

Таква компанија, тука во Штип е и „Актива“, која е формирана во 1999 година, започнале со тројца инженери и десет работници, а денес е угледна компанија со бројка од 580 вработени, меѓу кои се стручни кадри инженери од областа на градежништвото, машинството, електротехниката. „Актива“ е компанија која со домашен капитал се етаблира во металопреработувачката индустрија и градежната индустрија, а од 2014 година влегува и во сегментот на автомобилската индустрија. Со вкупна инвестиција како домашна компанија од 2013 година во вредност од над 30 милиони евра во производствени капацитети и машини.

Навистина е гордост да се биде во посета на ваква компанија, нејзините сопственици се вредни и тие велат дека ова е домашна компанија, јас им реков дека ова е светска компанија. Кога ќе го видите производството внатре и целата машинска опрема од највисок софистициран квалитет и кога ќе видите дека во една наша компанија се произведуваат финални производи за пазарите од Јапонија до САД и Европа, кога една компанија и дале доверба за неа да произведува производи гиганти како што е германски „Тисен Круп“. Тогаш навистина тоа не е гордост само на сопствениците, не само гордост на Штип и штипјани туку тоа е гордост на целата наша држава.

Владата ги следи компаниите во нивниот раст и развој и со сите расположливи механизми ги поддржува на патот на нивниот успех.

Компанијата е корисник на мерка од Законот за финансиска поддршка на инвестициите за петгодишен инвестициски проект започнат во 2018 година, со вредност од 5 милиони евра, со кој преку проширување на производствените погони и набавка и интеграција на нова висока технологија се отвораат нови работни места.

Навистина е позитивно кога во услови на оваа најголема светска економско-енергетска криза компаниите растат, го зголемуваат бројот на вработени и извезуваат. Остануваме цврсто на нашата силна посветеност за економски развој на државата за наша поддршка за нови работни места во приватниот сектор и нови инвестиции.

Поддршката на компаниите во реализирањето на нови инвестициски проекти и во зајакнувањето на нивната конкурентност е наша определба, бидејќи на тој начин се засилува економскиот раст и развој, расте БДП, и крајно се подигнува животниот стандард на граѓаните.

Оваа година се потпишани нови 277 договори за поддршка со компании кои влегуваат во инвестициски циклуси од околу 145 милиони евра и ќе креираат повеќе од 3.700 работни места во наредните 5 години или до завршувањето на нивните договори. Само во 2021 година овие 277 компании, инвестирале околу 50 милиони евра и креирале над 1.500 нови работни места.

Преку овој Закон во изминатите 5 години, колку што се спроведува оваа мерка, склучени се договори за поддршка со 630 компании во државата.

Владата креира поволен деловен амбиент и ги поддржува еднакво како странските, така и домашните инвеститори. За нас се сите важни, сите кои инвестираат, кои создаваат нова економска вредност и работни места. Целта е во оваа криза заеднички да ја пребродиме, да се отвораат подобро платени работни места, а компаниите да инвестираат, да се осовременуваат, да бидат и конкурентни на светскиот пазар.

Нашите компании уште еднаш покажаа колку се агилни и во вакви тешки времиња инвестираат во подобрување на нивната конкурентност, нивните продукти, воведување нови производствени линии заради зголемена ефикасност и продуктивност.

Продолжуваме фокусирано да работиме на економскиот развој за подобар животен стандард.

Посакувам успешна работа на Актива, им посакувам од срце на менаџментот на „Актива“ сите нивни планови кои што ги имаат за развој на компанијата за проширување на нивното производство, за проширување на линијата на производи, на клиентите кои ги имаат да им се остварат. Им посакувам многу успех на сите нивни вработени, а на сите домашни компании кои се наши национална гордост сакам да им порачам не само што нивните вработените и менаџери се горди туку сите ние сме горди. Затоа сакаме да дадеме најголема можна поддршка во нивниот раст, осовременување и развој.

Ви благодарам“.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе