spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Секој има активна улога во борбата против насилството, таа не трае...

МТСП: Секој има активна улога во борбата против насилството, таа не трае само овие 16 денови на активизам, таа трае во текот на целиот живот на секој поединец

По повод одбележување на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и почетокот на меѓународната кампања-16 дена активизам против родово базирано насилство врз жените и девојчињата, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска присуствуваше на настан „Препознај, Блокирај и Пријави-дигитално и други видови насилство врз жени и девојчиња”, на кој земаа учество агенциите на Организацијата на Обединети нации, Делегацијата на ЕУ и ОБСЕ во земјава, како и претставници на граѓански организации и институции.

Со годинешната тема: „ОБЕДИНЕТЕ СЕ! Активизам за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата“, апелот е до сите за вклучување во ставањето крај на насилството врз жените и девојките, да покажат поддршка и солидарност со активистите за правата на жените и да се спротивстават на било која форма на насилство.

Министерката Тренчевска во своето обраќање истакна дека, темата на настанот „ Препознај, Блокирај и Пријави- дигитално и други видови насилство врз жени и девојчиња, упатува пред се на важноста од препознавањето на насилството, кој е клучен елемент за негова превенција и спречување. Затоа што не секогаш жртвите се препознаваат себеси како жртви.

„Сведоци сме дека  живееме во време на забрзана дигитализација на сите процеси, каде новите технолошки алатки значително го отворија просторот за комуникација меѓу луѓето и за споделување на информации, знаења и животни перспективи. Жените се оние кои имаат значителен бенефит од овој дигитален развој поради зголемената присутност, можноста за едукација, но и можноста за вклучување на пазарот на трудот. Сепак жените не ги добиваат само придобивките на забрзаниот дигитален развој. Тие често ги добиваат и негативните последици од истиот,“ истакна Трнчевска.

Таа посочи дека дискриминацијата, говорот на омраза, родово-несензитивните коментари, демнењето на социјалните мрежи, психичкото и дигитално насилство се дел од негативните “подароци“ кои жените ги добија од овој процес.

„Можеби највознемирувачкиот тренд е токму  родовото заплашување и вознемирување, бидејќи сега може да се вршат без граници, без пречки и без временски ограничувања. Злоупотребата на комуникацијата, на споделените фотографии на жените, но и јавното жигосување речиси и да ни стана секојдневие,“истакна Тренчевска.

Министерката потенцираше дека онлајн ширењето на содржини што промовираат и зајакнуваат насилство врз жените и девојчињата, како и фактот дека се создава постојан дигитален запис може исто така да резултира со ревиктимизација и повторна трауматизација.

„Нашата земја има обезбедено непречен пристап на жените до правдата. Голем број од нив се чувствуваат сигурно да пријават и знаат дека сме на нивна страна, дека не дозволуваме ниту едно насилство да остане неказнето.Секој има активна улога во оваа борба. Посебно младите девојки кои се енергија на промените, на иднината, но и на изградената свест за своите права и родовата еднаквост,“ рече Тренчевска.

 

Таа им се обрати на младите девојки кои се генерацијата на дигитализацијата, да бидат свесни за формите на насилство, да ги препознаваат, да ги пријавуваат и да ги охрабруваат своите врсници да ги пријават. Само така ќе бидеме свесни, силни, гласни и одлучни за ставање крај на дигиталното насилство.

„Да се обединиме! Затоа што насилството, во сите негови форми е неприфатливо, дискриминирачко и мора да биде осудено, сузбиено и спречено по секоја цена. Борбата со насилството не трае еден ден, не трае овие 16 денови на активизам во кои гласно ќе говориме за него, таа трае во текот на целиот живот на секој поединец,“ порача Тренчевска.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МЗШВ: Ќе биде исплатена финансиска поддршка за произведена и предадена слива...

0
Денеска исплатата кон земјоделците продолжи. Ќе бидат исплатени корисниците од мерка 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година. Исплатата ќе...