spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВо соработка со Советот на Европа ќе работиме на имплементација на принципите...

Во соработка со Советот на Европа ќе работиме на имплементација на принципите за добро владеење

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамките на посетата на Советот на Европа, денеска имаше средба со Клаудиа Лучиани, директорка на Дирекцијата за човечко достоинство, еднаквост и владеење, со која разговараа за можностите за продлабочување на меѓусебната соработка особено во однос на имплементирање на принципите на добро владеење.

Вицепремиерката Грковска ја претстави нејзината иницијатива во Република Северна Македонија, со поддршка на Советот на Европа да се формира регионален Центар за добро владеење кој ќе овозможи да се унапредат капацитетите за добро владеење на администрацијата, јавните институции, граѓанскиот сектор, но и во јавноста генерално.

Ваквиот Центар би бил сличен на Центарот за експертиза на Советот на Европа, и за локалните, централните, но и за регионалните власти ќе обезбеди програми за јакнење на капацитетите, како и експертиза и развој на политики.

Директорката Лучиани оцени дека ова е одлична можност за унапредување на меѓусебната соработка и дека ваков Центар може да даде сериозен придонес во унапредување на капацитетите на институциите.

Таа истакна дека овој Центар ќе овозможи промоција на принципите за добро владеење и јакнење на свесноста за нив.

На состанокот присуствуваше и Дан Попеску, шеф на Одделот за демократија и владеење, со кој конкретно се разговараше за модалитетите на идната соработка.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...