ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна нега – 13 Ноември, Ѓорче Петров ја одбележа светската кампања по повод месец ноември или моември како „месец на машко здравје“.
На самиот настан на кој присуствуваше и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, во рамки на специјалистичко-консултативните амбуланти се одржа бесплатен преглед на УГС и простата со утразвук од страна на вработен доктор специјалист по интерна медицина примариус д-р Марика Филипова и спец.д-р Виктор Станков –уролог од Универзитетска Клиника за урологија- Скопје.
Беа поставени и штандови од едукативен и информативен карактер за подигање на свеста, особено кај целната група на потенцијални пациенти и тоа мажи над 50 години за превенција и рано откривање на карцином на простата, како најчест застапуван карцином кај мажите.
На настанот беа присутни и проф.д-р Никола Пановски и заменик-министерот за здравство доц.д-р Владимир Рендевски.
Извор: Општина Ѓорче Петров